Промената започнува одвнатре!

Во Здружението СОЛЕМ од 2011 година работиме директно со лица со попреченост, постојано унапредувајќи ја нашата експертиза преку бројни обуки и практично искуство. Ова ни овозможи да стекнеме длабоко разбирање за предизвиците со кои се соочуваат децата и младите со попреченост, нивните семејства, но и вработените во установите кои им нудат услуги.

Од 2023 година, нашиот фокус се прошири со соработката со предучилишна установа, што дополнително го збогати нашето искуство. Едукативниот систем е клучен за успешна инклузија, но за нејзина реализација е потребна значајна поддршка на сите актери вклучени во процесот. Преку нашите обуки го споделуваме досега стекнатото знаење со вработените во предучилишни и училишни установи. Нашата цел е да ги поддржиме воспитувачите, наставниците и раководниот кадар за полесно справување со предизвиците на инклузијата и создавање поинклузивно општество.

Нашите обуки за професионален и личен развој се создадени за да ви овозможат флексибилност и квалитетно учење. Без разлика дали сакате да ги подобрите вашите професионални вештини, да стекнете нови знаења или да се фокусирате на личниот развој, нашите курсеви се тука за вас, достапни во секое време и од каде било.

Со вашето учење и нашата посветеност – заедно до успех!

Обука со сертификат

Користење на јазик фокусиран на силните страни на детето

бесплатно

Обука со сертификат

Идентификација на децата со посеби потреби на предучилишна возраст

500.00 МКД

Обука со сертификат

Агилен менаџмент

400.00 МКД

Translate