Здружение СОЛЕМ е здружение на граѓани за поддршка на лица со попреченост, основано во 2008 година.
Од 2011 до 2022 година, Здружение СОЛЕМ активно обезбедуваше директни секојдневни услуги за лица со попреченост, нивните семејства и партнерски организации. Нашиот фокус секогаш бил насочен кон поддршка, инклузија и унапредување на правата и можностите на лицата со попреченост.
Во текот на овој период, ја организиравме и спроведувавме работната терапија преку социјалниот бизнис handicrafts4U, каде што лицата со попреченост учествуваа во креативни и продуктивни активности, стекнувајќи вештини и економска независност.
Од 2022 година, Здружение СОЛЕМ започна да нуди услуги и за деца со и без попреченост преку инклузивни работилници кои поттикнуваат учење, креативност и прифаќање.
Дополнително, го прошируваме нашето портфолио со услуги насочени кон унапредување на професионалниот развој на персоналот од градинки, училишта и други организации. Благодарение на нашето долгогодишно искуство во работата со лица и деца со попреченост и експертизата во менаџмент на организации, создававме решенија кои ја поддржуваат инклузијата и професионалниот раст.
Заедно со персоналот од градинките, создаваме обуки дизајнирани според нивните специфични потреби. Сите обуки се достапни преку нашата онлајн платформа, овозможувајќи флексибилност за учење во време кое најмногу одговара на посетителите. За секоја успешно завршена обука, издаваме сертификат со назначено времетраење на обуката, кој може да се искористи за обновување на лиценците пред Министерството за социјална политика, демографија и млади.