
Обука за професионален развој
Времетраење: 6 часа.
Котизација: 500 денари.
За групи од 5 лица или повеќе следува попуст. Пишете ни на obuki@solem.org.mk за повеќе информации.
По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат електронски сертификат за учество на обука со времетраење од 6 часа.
Во рамки на обуката добивате:
- Прирачник: Како да ги препознаеме децата со посебни потреби (во електронска форма)
- Скали за проценка на децата на македонски јазик на возраст од 6 месеци до 5 години (во електронска форма)
Достапност: Обуката е достапна преку компјутер и мобилна апликација.
Јазик: Македонски
Како да пристапите до обуката:
За да се пријавите, испратете порака на obuki@solem.org.mk со следниве податоци:
- Назив на обуката
- Електронска адреса за пристап
- Вашето име и презиме (начинот на кој сакате да биде прикажано на сертификатот)
По приемот на вашето барање, електронски ќе добиете фактура за уплата на котизацијата. По извршеното плаќање, на obuki@solem.org.mk треба да се испрати уплатницата како доказ за уплата, по што администраторот ќе овозможи пристап до обуката.
За кого е наменета: Обуката е наменета за лица кои работат со деца на предучилишна возраст.
Објаснување: Секое дете е уникатно!
Секое дете носи свои индивидуални предности и предизвици, а детскиот развој е еден динамичен и флексибилен процес кој следи одреден редослед, но со различно темпо за секое дете. Како воспитувачи, вие сте во уникатна позиција да ги забележите овие нијанси во развојот, бидејќи секојдневно ги следите нивните активности, однесување и напредок.
Развојот кај децата може значително да се промени во краток временски период – понекогаш дури и за еден месец или една година. Оваа флексибилност е и предизвик и можност: раната идентификација на потешкотиите може да направи голема разлика во животот на детето. Со навремено препознавање и упатување на соодветна проценка, овозможуваме подобра поддршка и правилно насочување за децата.
Потешкотиите во развојот може да бидат предизвикани од различни фактори: индивидуалните карактеристики на детето, влијанието на семејната средина, условите во градинката или пошироката заедница. Оваа обука ќе ви помогне да стекнете алатки и знаења за подобро препознавање на знаците кои укажуваат на развојни и образовни потешкотии, со цел да им овозможиме на секое дете најдобра можност за раст и развој.