Времетраење: 1 час
Цена: Бесплатна
По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат електронски сертификат за учество на обука со времетраење од 1 час.
Достапност: Обуката е достапна преку нашата едукативна платформа и можат да се следат преку компјутер или апликација за мобилен телефон.
Јазик: Македонски
Како да пристапите до обуката:
За да се пријавите, испратете порака на obuki@solem.org.mk со следниве податоци:
Назив на обуката
Електронска адреса за пристап
Вашето име и презиме (начинот на кој сакате да биде прикажано на сертификатот)
По приемот на вашето барање, нашиот администратор ќе ви испрати инструкции за пристап во рок од 24 часа.
За кого е наменета: Обуката е наменета за лица кои работат со деца на предучилишна и училишна возраст.
Објаснување: Јазикот кој го користи персоналот во детските градинки и училиштата директно влијае на емоционалниот, социјалниот и академскиот развој на децата. Фокусирајќи се на силните страни, а не на недостатоците, создава позитивна средина што го поттикнува самодовербата и мотивацијата на децата. Преку оваа обука, учесниците ќе научат практични техники за користење јазик кој инспирира, поддржува и помага во откривање на детските потенцијали, создавајќи основа за нивен успех и задоволство. Ваквиот пристап го унапредува образованието и гради подобри односи со децата и нивните семејства.
