
Обука за професионален развој
Времетраење: 5 часа.
Котизација: 700 денари.
За групи од 5 лица или повеќе следува 10 % попуст.
По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат електронски сертификат за учество на обука со времетраење од 5 часа.
Во рамки на обуката добивате:
- Прирачник за едукатори и родители: Сензорна интеграција (во електронска форма)
Достапност: Обуката е достапна преку нашата едукативна платформа и можат да се следат преку компјутер или апликација за мобилен телефон.
Јазик: Македонски
Како да пристапите до обуката:
За да се пријавите, испратете порака на obuki@solem.org.mk со следниве податоци:
- Назив на обуката
- Електронска адреса за пристап
- Вашето име и презиме (начинот на кој сакате да биде прикажано на сертификатот
По приемот на вашето барање, ќе добиете информација за уплата на котизацијата. По извршеното плаќање, на obuki@solem.org.mk треба да се испрати уплатницата како доказ за уплата, по што администраторот ќе овозможи пристап до обуката.
За кого е наменета:
- родители
- лица кои работат со деца на предучилишна возраст
- лица кои работат со деца на училишна возраст.
Објаснување:
Оваа обука нуди практичен вовед во светот на сензорната интеграција – процесот преку кој децата ги примаат, обработуваат и реагираат на информациите од своите сетила. Ќе запознаете со значењето на сетила, како сензорните разлики можат да влијаат на однесувањето, концентрацијата и учењето, и како да ги препознаете знаците на сензорни предизвици кај децата. Преку примери од градинка и училница, ќе добиете конкретни стратегии за поддршка што можете веднаш да ги примените – дома или во образовна средина.
Обуката е наменета за родители, наставници, воспитувачи и стручни лица кои сакаат подобро да ги разберат потребите на децата и да создадат средина во која сите деца можат да се чувствуваат прифатени и поддржани.