1. Општи одредби
Оваа политика ги утврдува условите за користење на онлајн обуките што ги нуди Здружението на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ – Скопје (во понатамошниот текст: „Здружение СОЛЕМ“). Со пристапување кон обуките, корисниците се согласуваат да ги почитуваат правилата утврдени во оваа политика.
2. Пристап и регистрација
2.1. Пристапот до онлајн обуките се овозможува по претходна регистрација преку испраќање на барање на obuki@solem.org.mk со наведување на:
- Називот на обуката
- Електронската адреса за пристап
- Име и презиме (начинот на кој ќе биде прикажано на сертификатот)
2.2. По приемот на барањето, електронски ќе добијат фактура за уплата на котизацијата. По плаќање, на obuki@solem.org.mk треба да се испрати уплатницата како доказ за уплата, по што администраторот ќе овозможи пристап до обуката.
2.3. СОЛЕМ го задржува правото да одобри или одбие пристап до обуките доколку се утврди дека барањето не ги исполнува критериумите или постојат други оправдани причини.
2.4. Креираниот профил на платформата ќе биде избришан 7 дена по завршувањето на обуката. Доколку профилот остане неактивен повеќе од 7 дена, истиот исто така ќе биде избришан.
3. Употреба на обуките
3.1. Корисниците можат да ги следат обуките преку компјутер или мобилна апликација.
3.2. Обуките се наменети исклучиво за лична и професионална едукација. Не е дозволено копирање, дистрибуција, или споделување на содржините без претходна писмена согласност од Здружение СОЛЕМ.
3.3. Секој корисник е одговорен за доверливоста на пристапните информации (корисничко име, лозинка) и не смее да ги споделува со трети лица.
4. Сертификати
4.1. По успешно завршување на обуката, корисникот добива електронски сертификат за учество, кој содржи назив на обуката и времетраењето (изразено во часови).
4.2. СОЛЕМ не гарантира официјална акредитација на сертификатите, освен доколку тоа не е посебно наведено.
5. Приватност и заштита на лични податоци
5.1. Здружение СОЛЕМ се обврзува да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со важечките закони за заштита на лични податоци.
5.2. Личните податоци собрани за целите на регистрација нема да бидат споделени со трети страни без согласност на корисникот, освен во случаи предвидени со закон.
6. Промени и дополнувања
6.1. Здружение СОЛЕМ го задржува правото да ја измени оваа политика во секое време. Промените стапуваат на сила од денот на нивното објавување на официјалната веб-страница на Здружение СОЛЕМ.
6.2. Корисниците ќе бидат известени за сите значајни промени преку е-пошта.
7. Контакт
За сите дополнителни информации и поддршка, корисниците можат да контактираат со нас на info@solem.org.mk или преку официјалната веб-страница на Здружение СОЛЕМ.