
За нас
Здружение за поддршка на лица со посебни потреби
Здружение СОЛЕМ е здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби, основано во 2008 година.
Од 2011 до 2022 година, Здружение СОЛЕМ активно обезбедуваше директни секојдневни услуги за лица со посебни потреби, нивните семејства и партнерски организации. Нашиот фокус секогаш бил насочен кон поддршка, инклузија и унапредување на правата и можностите на лицата со посебни потреби.
Во текот на овој период, ја организиравме и спроведувавме работната терапија преку социјалниот бизнис handicrafts4U, каде што лицата со посебни потреби учествуваа во креативни и продуктивни активности, стекнувајќи вештини и економска независност.
Од 2022 година, Здружение СОЛЕМ започна да нуди услуги и за деца со и без посебни потреби преку инклузивни работилници кои поттикнуваат учење, креативност и прифаќање.
Дополнително, го прошируваме нашето портфолио со услуги насочени кон унапредување на професионалниот развој на персоналот од градинки, училишта и други организации. Благодарение на нашето долгогодишно искуство во работата со лица и деца со посебни потреби и експертизата во менаџмент на организации, создававме решенија кои ја поддржуваат инклузијата и професионалниот раст.
Заедно со персоналот од градинките, создаваме обуки дизајнирани според нивните специфични потреби. Сите обуки се достапни преку нашата онлајн платформа, овозможувајќи флексибилност за учење во време кое најмногу одговара на посетителите. За секоја успешно завршена обука, издаваме сертификат со назначено времетраење на обуката.

Во бројки и години
- 2008 · основано здружението
- 2011 · директни услуги за лица со посебни потреби
- 2022 · инклузивни работилници за деца
- 2023 · соработка со предучилишна установа
- 2026 · повеќе од 100 издадени сертификати и задоволни учесници – продолжуваме со сила и развиваме нови обуки
